Пустош, шок, крв и тага – Бејрут го преживува хаосот по страотната експлозија
Foto

Пустош, шок, крв и тага – Бејрут го преживува хаосот по страотната експлозија

Ова е Бејрут по силната експлозија во која загинаа најмалку 100 луѓе, а повредени се повеќе од 4.000. Околу 300.000 луѓе останаа без дом.

Причинетата штета во експлозијата изнесува три до пет милијарди долари. Експлозијата била со јачина на земјотрес од 3,5 степени според Рихтер, која буквално го срамни со земја пристаништетот во либанската престолнина. Земјите од опкружувањето, но и од целиот свет најавија помош за Бејрут каде владее целосен хаос по страотната експлозија. Во градот нема електрична енергија, а властите прогласија вонредна состојба за справување со последиците од големата експлозија. 

- Не знам што се случи, ловев риба кога се случи екплозијата. Навистина не знам како е ова возможно, добив и изгореници. 

- Оваа повреда ми е од стаклото на автомобилот кој после екпозијата изгледа вака.

- Ова е како земјотрес кој го погоди Либан и Бејрут. Милјарда долари ќе бидат потребни за ова да се врати во нормала, потребни ќе бидат инвестиции. 

Властите најавија најавија темелна истрага и одговорност за сите лица кои допринеле да се случи трагедијата. 

- За тоа што се случи во бејрут ќе има одговорност. Никој нема да поминет не казнет, ова е мое ветување. - Хасан Даиб – премиер на Либан.

Многу од жртвите се уште се заробени во урнатините, а според најавите спасувачките тимови се уште се на терен. 

Од овој град на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат низа вознемирувачки видеа и фотографии. Може да се најдат и снимки од невеста која позирала за своите свадбени фотографии во моментот кога се случила несреќата. Видео на кое се гледа како татко во својот дом се обидува да го заштити синот од страшната експлозија. Свештеник бега од експлозијата среде миса.

Последните информации се дека се работи за амониум нитрат, што претставува природна, кристална супстанца. Оваа супстанција може да се направи и лабораториски. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генералите на американската војска му пренеле дека експлозијата во Бејрут е предизвикана од „некој вид бомба“. Односно се сомнева на терористички напад.

Папата франциск пак ги повика верниците да се молат за жртвите во страшната експлозија во бејрут.

-Се молиме за Либан за со посветеноста на своите социјални, политички и верски елементи да може да се соочи со овој крајно трагичен и болен момент, напиша папата на Твитер. 

Според министерството за надворешни работи до овој момент нема барање од македонски државјани за помош во Бејрут.

Македонските граѓаните кои се наоѓаат во Бејрут во случај на потреба од помош, може да се јават во министерството за надворешни работи или во дипломатско-конзуларното претставништво во Анкара, Инстаул, Доха, Абу Даби.

Од министерство за одбрана пак известуваат дека македонските војници во Либан се безбедни. Во Бејрут е прогласена триднева жалост.

0 Коментари

Остави коментари