Пукање во универзитетски кампус во Мисисипи
Foto

Пукање во универзитетски кампус во Мисисипи

Официјални претставници на Универзитетот Џексон во американската сојузна држава Мисисипи потврдија дека во нивниот кампус денеска дошло до пукање и дека напаѓачот веројатно се уште се наоѓа во негова близина.

Студентите и вработените се предупреднеи дека кампусот во моментов е заклучен, а на сите им е упатен совет да се скријат во своите соби и канцеларии.

„Сомнителен напаѓач со огнено оружје е во црна „хонда“, Целата заедница во кампусот треба веднаш да се скрие. Кампусот во моментов е заклучен. Ќе ве информираме кога ситуацијата ќе биде решена“, наведува универзитетот на својот налог на Твитер.

Полицијата во Џексон потврди дека истражува пукање во кампусот, како и дека едно лице е рането.

-Го истражуваме пукањето во блокот околу улицата Линч, што се случи малку по 11 часот. Според првичните информации, едно машко лице е рането. Неговата состојба засега е непозната. Во моментов нема достапни информации за мотивите за пукањето или за осомничениот сторител, соопшти полицијата.

0 Коментари

Остави коментари