Пукање во средно училиште во Турција, десетина ученици сериозно повредени
Турција се разбуди во страв и паника откако поранешрен ученик изврши вооружен напад во средно училиште на југот од земјата и повреди најмалку 16 лица. Штом влегол низ надворешната врата, почнал да пука во сè што му се нашло на патот во зградата.
Првите детали вооружениот инцидент ги откри гувернерот Хасам Шилдак, кој потврди дека осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, а потоа извршил самоубиство.
Најголем број од повреднеите се ученици, а еден повреден наставник е во сериозна состојба. Застрашувачките моменти од инцидентот биле снимени со камери од мобилни телефони. На социјалните мрежи и локалните медиуми се појави видео на кое се гледа како учениците панично бегаат од зградата во моментот кога започна пукањето.
Според безбедносните проценки, училиштето не било на високо ниво на ризик и затоа било без постојано присуство на полиција.

