Пукање во џамија во Америка

Три лица, меѓу кои и еден обезбедувач, се убиени во пукотница во Исламскиот центар во Сан Диего денес, соопштија американските власти. Полицијата соопшти дека двајца тинејџери за кои се верува дека се осомничени за нападот биле пронајдени мртви во автомобил во близина на џамијата.

Специјалниот агент на ФБИ во Сан Диего, Марк Ремили, на прес-конференција изјави дека осомничените биле пронајдени мртви во возило недалеку од местото на пукањето.

Шефот на полицијата во Сан Диего, Скот Вал, изјави дека властите во моментов го третираат пукањето во Исламскиот центар, најголемата џамија во округот Сан Диего, како злосторство од омраза.

Претходно беше објавено дека осомничените биле на возраст од 17 и 19 години и дека полицијата верува дека извршиле самоубиство со огнено оружје.

Вал, исто така, рече дека обезбедувањето на Исламскиот центар одиграло клучна улога во спречувањето на уште повеќе жртви.