Пукање во Беља: Има ли власта критериуми за назначување на кадри?

Полицијата ги знае но се уште не ги нашла напаѓачите на економскиот директор на клиниката за гинекологија, Ваљон Беља. Мотивите за инцидентот се уште се истражуваат. Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вели дека до МВР стигнале пријави од Градоначалникот на општина Чаир кој тврдел дека Беља му се заканувал.

„Имаме пријава и од страна на градоначалникот на Чаир за одредени закани од Бења и сите тие аспекти ќе ги земеме в предвид за расчистување на случајот и врз основа на сите факти ќе се утврди што е причинината и мотивите и ќе се сносат одредени последици.“ - вели Оливер Спасовски – Министер за внатрешни работи.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу молчи за ианцидентот, а молчат и од партијата ДУИ чии што членови се и Ганиу и Беља. Според неофицијалните информации на вчерашното пукање му претходела тепачка, во која учествувал и градоначалникот на Чаир. Економскиот директор на државната клиника за гинекологија, Ваљон Беља е во стабилна здравствена состојба, откако синоќа му била направена операција на коленото. Од клиниката за гинекологија каде Беља од октомври работи на позицијата економски директор, велат дека го осудуваат секој чин на насилство, но оставаат на истражните органи да ги утврдат деталите.

Ваљон Беља не и непознат на јавноста. Во 2016-та излегоа информации дека му се заканувал на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и му испратил куршум во салфетка како закана за неговото барање да биде поставен за директор на пензинскиот фонд. МВР му поднесе пријава за загрозување на безбедноста. Дали човек кој има пријави во МВР и кого го следат низа контроверзии и насилни инциденти треба да биде поставен како економски директор во државна клиника? Ова прашање го адресиравме до министерството за здравство, но од таму останаа без одговор. Опозицијата која во повеќе наврати бара оставка од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски го искористи инцидентот за да му порача уште еднаш на министерот да ја напушти функцијата.

а„Од каде толку оружје и од каде толкава сигурност на бандитите во главниот град за да може да пукаат кога сакаат и каде сакаат? Дали се ова истите оние кои ја прославуваа изборната победа во Чаир со истрели од калашникови, а Спасовски се правеше дека не ги гледа и не презеде ништо? Дали се ова групите за кои што заменик министерот Агим Нухиу кажа дека биле подготвени со оружје да влезат на 27-ми април во Собранието, а Спасовски повторно се правеше дека не ги видел?“ - изјави членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Ова не е прв случај на пукање меѓу функционири на ДУИ. Последниот беше лани пред Нова Година во Мала Речица поради партиски функции, каде едно лице загина. За поседниот инцидент од коалицисиот партнер, од МВР нема повеќе детали, но во изјавата министерот се пофали дека криминалитетот во државата се намалил.