Пукање пред израелскиот конзулат во Истанбул, има загинати

Престрелка пред израелскиот конзулат во Турција. Еден убиен, двајца напаѓачи и двајца полицајци повредени во вооружен напад врз израелска дипломатска мисија во Истанбул.

Првичната истрага покажала дека три вооружени лица со аввтомобил се приближиле до зградата на конзулатот и веднаш почнале да пукаат...Обезбедувањето го одбило нападот а набрзо на местото на инцидентот стигнале и припадници на специјалните сили..Во престрелката, убиен е еден од напаѓачите а двајца се повредени....Мотивот за нападот се уште е непознат а од турската влада открија дека еден од напаѓачите бил член на радикална верска организација.

Мустафа Чифтчи- Министер за внатрешни работи на Турција

„Утврдено е дека лицата кои пристигнале во Истанбул со изнајмено возило од Измит, вклучуваат едно лице поврзано со организација што ја злоупотребува религијата а исто така е утврдено дека еден од двајцата терористи, кои се браќа, има досие за дрога.“

Според израелските медиуми, бројто на вработени во амбасадата во Анкјара и конзулатот во Истанбул е сведен на минимум...Дипломатските односи меѓу двете земји значително се влошија откако почна војната во Газа а во изминативе години, турската влада постојано упатува критики на адреса на Бенјамин Нетанјаху.