Психолози: Скандалот со учителката - дилерка го нарушува угледот на целиот образовен кадар

Училиштето треба да биде втор дом каде децата ќе ги осознаваат своите образовни вешти, наставниците се тие кои треба да го задржат нивото на морал и етика. Последниот случај на МВР кој разоткри нарко-картел во кој е вмешана и наставничка од основно училите ја разбранува јавноста.

Родителите загрижени прашуваат кому ги доверуваме своите деца? Психолозите на ставот дека ваквите појави го нарушуваат дигнитеттот на просветителската работа и на образовниот кадар. Ваквите појави се голем удар за училиштата, на целиот образовен систем сметаат психолозите.

„Сигурно ќе ја наруши довербата на оние што таму во тоа училиште ги носеле децата. Значи кој е тој не што им ги учи децата, не кој им ги воспитува децата а ние зборуваме дека превенцијата за наркотици, нели за дрога, почнува од училиштата, од тоа што ние им кажуваме. Дека не треба, како не треба, зошто не треба, им нудиме ајде решавајте си ги проблемите, емоционални, животни, социјални, секакви проблеми за да не дојдете до тоа нели тие рпоблеми ги решавате со дрога, и наеднаш ги носат децата таму и на кого им ги дават, кој ќе им ги воспитува, кој ќе каже дека таа дрога не чини. Навистина, страшно за родителите, а сите оние други родители  по сите училишта почнуваат да се прашуваат добро кому ние таму сега ќе им ги оставиме децата, кој нашите деца ќе ги научи дека не треба да земат утре дрога кога ќе им понудат.“- вели психологот, Мирјана Стојановска Јовановска. 

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Мицунски вели дека основното училиште веднаш по определувањето на мерката притвор согласно законите има превземено дејствија за суспензија на наведениот наставник, а сите понатамошни дејствија коишто би се превземале се поврзани со правосилната пресуда којашто ќе произлезе од овој случај. 

„Како градоначалник, како родител, но и како просветен работник е дека обврска наша е да ги држиме просветните работници на највисоките стандарди за очекување за нивните однесувања. Тоа значи дека тие треба да ги почитуваат законите но и највисоките морални и етички стандарди не само на своите работни места туку и кога се надвор од своите работни места. И од таа гледна точка ние ќе продолжиме да ги превземаме сите дејствија за непречен наставен процес, за создавање на најдобри услови за учениците и секако за превенирање на сите вакви идни случувања се работи за изолиран случај, не е овој случај кој што говори за сите просветни работници од коишто најголем дел се чесни луѓе, луѓе коишто вложуваат навистина огромен напор за развојот на нашите деца иако знаеме дека нивните примања се несоодветни со обврските коишто ги имаат. И понатаму треба да продолжиме да инвестираме во нивниот развој.“- вели градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски. 

Покрај тоа што МВР ја откриле наставничка, било откриена и лабораторија за производство на амфетамин, Дрога со вредност од околу половина милион евра.

Биле пронајдени синтетичка дрога амфетамин во количина од околу седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, околу 3000 таблети екстази.