Психолошка помош

Училиштето на малата Вања ќе продолжи да ја обезбедува целокупната психолошка поддршка за сите ученици, со цел зачувување на менталното здравје и справување со трауматските последици од целата ситуација велат од Министерството за образование и наука.
 
Во овие траорни моменти за целата нација тоа е и повеќе од потребно, кога децата се тажни вознемирени и исплашени да разговораат со стручни лица.Министерството ќе понуди поддршка во делот на ангажирање дополнителен кадар, составен од педагози и психолози, кои ќе им бидат на располагање на учениците во периодот што следува.
 
И социолозите и психолозите советуваат дека во овие моменти најважен е разговорот со учениците и создавање позитивен амбиент во училиштата.
 
Станавме арена на гладијатори, неказнивоста роди психопати без трошка емпатија рекоа во вчерашната анализа на тв 24, професорката Татјана Стојановска Иванова и докторката Васка Митова кои меѓудругото говореа и за психолошкиот профил на убијците и за тоа каде како општество и систем потфрливме за ваквите настани да станат сурово секојдневие.
 
Корумпираноста и непрофесионализмот мора да бидат казнети,одговорност за пропустите денеска побараа од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Министерката за труд и социјала Тренчевска пак вели дека децата во училиштата се безбедни и порачува да се престане со ширењето на паника и страв бидејќи убиството на Вања е изолиран случај.
 
Во меѓувреме на оваа тема се огласи и детската амбасада Меѓаши со насоки како да се разговара со децата и тинејџерите по убиството на малата Вања.