Првомајското ѓубре и годинава не изостана од излетничките места во скопско

Денот за првомајски пикник беше и помина. Но денот потоа, како овој, не се разликува многу од сликата на овие денови изминатите години, што говори за нас како луѓе дека  не сме напреднале на планот на управувањето со сопствениот отпад што го оставаме и покрај многуте кампањи за подигнување на свеста и граѓанските апели.