Првите туристи од Холандија слетаа во Охрид - годинава од туризмот се очекуваат над 5 милијарди долари прилив
180 холандски туристи утринава со првиот лет од Холандија пристигнаа на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ Гостите од Амстердам ќе бидат на седумдневен одмор во Охрид.
Холанѓаните, важат за традиционални гости вљубеници во Македонија, кај кои од година во година се поголем е интересот за престој на брегот на Охридското Езеро. Тие сакаат да се запознаат со богатото културно историско наследство, да го видат најстарото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.
„Прв пат доаѓам, ја видов Македонија и мислам дека е инетересна дестинација, вели една гостинка од Холандија.
- По четврт пат доаѓаме да летуваме во Охрид, убаво ни е задоволни сме од природата и гостопримството, вели друг гостин од Холандија.
-Многу ми се допаѓа природата, сончевото време, храната, виното, вели трета гостинка од Холандија.
ТУИ годинава на охридскиот аеродром ќе има четири чартер летови неделно од Холандија и два од Велика Британија.
„Сите овие години Mакедонија е особено интересна дестинација за холандсkите туристи. Се надеваме ова лето да се вратиме на бројките од 2019 година која беше најдобрата и се надеваме дека ќе донесеме многу среќни и задоволни гости“, изјави Аријан Kерс генерален директор на ТУИ Холандија.
„Во моментот баш денес правевеме статистика имаме околу 10 600 патника а очекуваме околу 18 000, а ако вака растат можно е да имаме и повеќе“, изјави Васко Коциров туристичка агенција партнер на тур операторот ТУИ.
Според прогнозите на АППТ од туризмот годинава се очекува 3,2 до 3,3 милиони ноќевања и над 5 милјарди долари директен прилив во домашната економија.

