Првите дози вакцини за грип стигнаа, нема да доцни имунизацијата
Набавката на новите вакцини против туберколоза од јапонски производител е во тек и наскоро се очекува да продолжи вакцинацијата која беше стопирана, откако Хрватска регистрираше четири сомнителни случаи на инфекции на коски кај деца од истиот производител кој се користи и кај нас.
Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека во тек е организацијата на испораката, а пристигнувањето на вакцините е прашање на денови.
Сашо Клековски – Министер за здравство
„Во тек е организација на логистиката. Тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ така што се завршуваат деталите се надевам дека многу брзо ќе стигне во Македонија и нема да има проблеми во прекинот колку долго ќе трае паузата“....
Дел од лекарите велат дека допрва треба да се утврди дали четирите сомнителни случаи во Хрватска се поврзани со вакцината, а Македонија презела превентивни чекори со привременото стопирање на вакцинацијата.
Д-р Злате Мехемдовиќ за ТВ 24 вели дека важно е да се продолжи со имунизацијата, бидејќи вакцината спречува тешки форми на туберколоза. Лани во земјава имало 12 деца со активна туберколоза.
Д-р Злате Мехмедовиќ
„Во периодот кој што следи битно е да се продолжи со вакцинацијата за да не го зголемиме бројот на случаи кои што се инфицирани со туберколоза, а имаат тешки компликации особено затоа што се работи за новороденчиња кои што имаат се уште лошо дефиниран имун систем, имунитет кој што потекнува од мајката“.....
Во меѓувреме првите 30.000 вакцини против сезонски грип се веќе пристигнати, а дополнително, до средината на ноември се очекува пристигнување на уште 26.000 дози. Први кои ќе добијат вакцина се ризичните групи на граѓани.

