Првиот човек на Судски совет Камбовски не ги открива имињата на судии за кои се водат постапки
Дали и каква постапка се води во Судскиот совет за судијата Енвер Беџети, ставен на црната листа на САД за кого обивнителството веќе има отворено предмет, Камбовски без конкретен одговор.Има судии за кои водиме постапки, но нивните имиња не смеат да се објавуваат јавно без нивна дозвола, вели Камбовски.
Дарко Камбовски претседател на Судски Совет:
„Колегата е се уште судија, во судскиот совет се водат повеќе постапки против судии, меѓутоа не можам да ги обелоденам имињата на тие колеги со оглед дека тие постапки се тајни , што значи не дека јас не сакам или судскиот совет меѓутоа законот забранува да ги обелоденуваме јавно. “
За првиот човек на Судскиот совет Дарко Камбовски критиките од власта упатени до неговата институција не се притисоци. Секоја власт си работи во рамки на својот домен, меѓусебната комуникација е потребна, а нормално е некогаш да има и несогласувања, додава Камбовски.
Дарко Камбовски претседател на Судски Совет:
„Власта е поделена на законодавна извршна и судска, нормално е помеѓу овие три власти да има и комуникација, нормално е некогаш да има и несогласувања. Секој си работи во својот домен и секојси работи согласно законите и уставот. Доколку и критикува некогаш некој од властите помеѓу себе јас не го сметам за притисок. Секој си работи во рамките на своите надлежности. “
За првпат законодавната но и извршната власт, најавуваат разрешување на членови на Судскиот совет. Премиерот Мицковски најави нивно разрешување преку собранието после новогодишните празници.

