Првиот бел картон во фудбалската историја покажан во Португалија

За прв пат во историјата на фудбалот беше покажан бел картон. Тоа се случи викендот во Португалија на натпреварот помеѓу женските екипи на Бенфика и Спортинг.

Главниот судија на натпреварот им покажа бел картон на лекарските тимови на двата тима, кои заедно работеа на помош на повредена фудбалерка.

ФИФА неодамна експериментално го воведе белиот картон, кој се доделува на тимовите кои покажале завидно ниво на ферплеј за време на натпреварот, со цел „подобрување на етичките вредности во спортот“.

Навивачите на стадионот „Луз“ го поздравија првиот бел картон прикажан во историјата на фудбалот.