Прва регионална конференција под покровителство на „Бекутан“

Експертите и јавните лица се едногласни во однос на ставовите дека родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси.

Водителот Жарко Димитриоски и хрватската актерка и амбасадор на УНИЦЕФ Мирна Медаковиќ-Степинац ја отворија првата регионална конференција на Becutan, која броеше близу 200 посетители од Македонија и од регионот.

Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организираше овој несекојдневен настан, во чиј фокус не беше негата, туку грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.

Конференцијата беше посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес, а за кои средината, под влијание на социјалните медиуми, сѐ почесто креира илузија на совршена слика. Дали има совршена мера за неизмерната родителска љубов при воспитувањето и дали таа има граници? Како се менувал пристапот во родителството низ децениите? Дали воопшто постојат точни одговори за многуте родителски дилеми? Ова беа само дел од темите за кои без задршка дискутираа јавни лица и експерти од повеќе сфери поврзани со детскиот развој од Македонија и од регионот.