Прва помош: Придржувајте се до препораките, без поголема потреба да не се излегува од 11-17 часот
Над 200 повици на дневно ниво поради високите температури. Од Итната медицинска помош, Даниел Георгиевски за Телевизија 24 посочи дека граѓаните треба да бидат одговорни и да ги почитуваат препораките од здравствените власти.
Вели дека лицата над седумдесеттата година најмногу бараат помош и помлади со претходни дијагнози и состојби.
Даниел Георгиевски-Итна медицинска помош
„Да се избегнува најтоплиот дел од денот, барем од 11-17 часот. Ако веќе мораат по обврски да одат секогаш да бидат со вода, да се хидрираат, да носат полесна облека, да ја заштитат главата со капа, шапка.. да не бидат директно изложени на сонце. Кожата треба да се заштити исто така. Да бидат одговорни хроничните пациенти.
Од Институтот за јавно здравје апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките, а особено да внимаат лицата над 60 години, бремените жени, децата, работниците на отворено, како и лицата со хронични заболувања
Институт за јавно здравје
Препораки за заштита од топлото време
-Избегнувајте директно изложување на сонце.
-Носете светла и лесна облека.
-При неопходен престој на отворен простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.
-Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер.
-Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден.
-Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многужешки. Не оставајте никого во возилото!
-За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.
Здравствените власти советуваат да не се зема самоиницијативно терапија.
Претходно, во јуни СЗО соопшти дека над 1 300 лица починале како последица од топлотниот бран низ Европа, а околу 150 милиони лица живеат во услови на екстремни горештини.

