Прва победа за македонската репрезентација во претквалификациите за Мундобаскет 2023
Foto

Прва победа за македонската репрезентација во претквалификациите за Мундобаскет 2023

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва забележа убедлива победа со 69:47 против Словачка.

На дуелот одигран во СЦ „Јане Сандански“ избраниците на селекторот Драган Бајиќ, уште од самиот почеток ја покажаа својата одлучност да ја забележат првата победа на претквалификацискиот „балон“ во Скопје. Македонците за разлика од завчерашниот меч со Швајцарија, одиграа пожртвувано, се бореа за секоја топка и на крајот заслужено се радуваа.

Капитенот Бојан Трајковски со 16 поени (четири тројки), Адем Мекиќ и Џејкоб Вајли со по 12 беа најефикасните во победничкиот тим.

По завршување на првиот дел, трите репрезентации имаат по една победа и еден пораз. Утре е слободен ден, а вторите меѓусебни средби, репрезентациите ќе ги одиграат на 16, 17 и 18 август.

0 Коментари

Остави коментари