Прв скопски извиднички одред: Искрено жалиме поради настанатата ситуација

Прв скопски извиднички одред искрено жали поради настанатата ситуација, што следува по сведоштвата споделени во јавноста околу случувањата на настанот есенски бакнежи, прегратки 2021, се наведува во соопштението на одредот.

Раководството на псио внимателно ги разгледало коментарите и ставовите околу случајот и смета дека сведочењата за настанот се извадени од контекст. Есенски бакнежи, прегратки е традиционален настан чија цел е да ги спои основите на рок музиката, извидничките вештини и сексуалното образование, стои во соопштението.

- Настанот е наменет за категоријата постари извидници и на овој настан учестуваа 32 учесници доброволно пријавени во екипи по 4 лица преку своите матични одреди и 10 волонтери. Сакаме да напоменеме дека нашиот настан не претставува никаква манифестација на неморал, блуд или сексуално вознемирување. Сметаме дека многу делови од игрите се погрешно протолкувани, се вели во соопштението на прв скопски извиднички одред.