Прв скопски извиднички одред

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!” денеска во Градскиот парк ја организираат традиционалната извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019″ на тема „Еко херои”. 

На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар испраќаат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест. Освен од Скопје, на оваа акција се приклучија и извидничките одреди од Охрид и Кичево. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!” ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.