Прв курс за УЕФА Ц тренерска лиценца во ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија и Центарот за едукација во периодот од 10 до 15 мај во хотел „Истатов“ во Дојран го организираа првиот курс за добивање на УЕФА Ц тренерска лиценца во Македонија.

Како што информираат од ФФМ, на курсот биле присутни сите пријавени 36 кандидати кои успешно ги комплетирале обврските поврзани со теоретско-практичната настава одржана на семинарот во рамки на група 1.

Дополнуваат дека поради големиот интерес и пријавените повеќе од 100 кандидати, покрај првата, Центарот за едукација при ФФМ формирал уште две групи.

Вториот курс за група 2 во рамки на првата генерација кандидати за добивање на УЕФА Ц диплома ќе се одржи во период 23 до 28 мај 2022. Додека, третиот, наменет за Група 3, ќе се одржи во период 6 до 11 јуни 2022.

 

Двата курса ќе бидат организирани во хотел Истатов, Дојран.