Прв концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“

Вечерва во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи првиот концерт во вториот дел од концертната сезона, насловен „Галантна Индија“.

Диригент е маестро Габриел Бебешелеа, а како солистка ќе настапи Елишија Силверштајн, една од најзначајните млади американски виолинистки.

На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр.9 од Жозеф Болоњ (Шевалие де Сан Жорж) и Оркестарската свита од операта балет „Галантна Индија“ од Ж.Ф.Рамо.