Прв академски час
Новата академска година започна со уште помалку студенти, за десет додини бројот се намали за над 7000 само на УКИМ цели 12%. Во минатото само на еден факултет се запишуваа неколку стотини стиденти, а сега едвај да се одржуваат наставните програми покажува истражувањето на центарот за граѓански комуникации.
И кога студентите ги нема анализата на центарот за граѓански комуникации покажува раст на академскиот кадар пораснал за една третина или над 1000 луѓе.
На свеченоста за првиот академски час беа присутни и претставници на државниот врв. Претседателката Гордана Силјановска Давкова на студентите им нагласи дека образовниот процес е сократов процес во кој студентите и професорите учат едни од други.
УКИМ не е само место за едукација и надградуваат знаењата, УКИМ е едно големо семејство во кое соништата се претвораат во реалност. Универзитретот е заедница која верува во потенцијалот на запишаните студенти и бруцоши и ќе направи се за да успеат во своите замислени професионални профили.
Најмногу студенти по одделни факултети има на скопски ФИНКИ 4 722, на трите државни медицински факултети, во Тетово 3 354, Штип 3 186 и Скопје 2 915, како и на скопскиот Економски факултет 2 022 ца студенти. Најмногу новозапишани студенти има загубено Европскиот универзитет, 319, односно 85 %, додека Универзитетот МИТ има запишано 161 студент или 70 % помалку.
Од друга страна, пак, на Меѓународниот Балкански универзитет - Скопје запишани се 558 повеќе бруцоши отколку пред десет години, што е двојно повеќе, покажува анализирањето на Центарот за граѓански комуникации.