Провизии на банките - граѓаните под тежок притисок

Народната банка бара од комерцијалните банки да ги намалат провизиите кои ги плаќаат граѓаните и компаниите. Советот на Народната банка веќе донел одлука за воведување на нов модел на надоместоци за кој 13те приватни банки во земјава се согласиле, а сао него според гувернетор Трајко Славески ќе се овозможи да има пониски трошоци и поевтини услуги за физичките лица и за  деловниот сектор.  Славески не потенцираше за колку тој очекува банките да ги намалат провизиите, но како пример даде колку Централната бака ги намачила давачките за државните институции.

Трајко Славески  Гувернер на Народната банка: „Одлуката е на секоја банка, во рамките на својата деловна политика, да ги следи сигналите на Народна банка и ние стекнавме таков впечаток во разговорите. Значи, очекуваме, не само од тоа што ние се откажуваме како Народна банка како олеснување за таканаречениот долговен промет при порамнувањето што банките го имаат преку системот МИПС, кој е во рамки на Народна банка, туку дополнителни намалувања на издатоците што ги имаат граѓаните и приватниот сектор кон банките. “

А дел од банките во последниов период ги зголемија провизиите како за електронските услуги така и за останатите банкарски услуги кои ги користат граѓаните и компаниите. Сега, Централната банка сега вели дека постои голем простор за намалување на цените на провизиите на банките. Во случај комерцијалните банки да не ги послушаат апелите од Народната банка, гувернерот Славески вели има начини како да се постапи во тој случај.

Трајко Славески Гувернер на Народната Банка: „Народна банка секако во соработка со други органи на државата, владата, парламентот има начини има идеи како во случај, да речеме на повторно не следење на сигналите би постапила во иднина. Не даваме никави рокови, мислам дека станува збор за одговорни субјекти кои треба да ги ревидираат своите тарифи. И мислам дека некои од нив, ако не и поголемиот дел тоа го работат во моментов. “

Како една од причините на Народната банка за барањето за намаливање на тарифите на приватните банките е тоа што во Македонија тие имале  повисоки цените од тие ги имаат нивните мајки банки кои се во земјите од Европската унија. Последни на што жестоко реагираа граѓаните се трооците кои ги плаќаат за одржување на електронското банкраство или вадење на кеш од туѓи банкомати.