Проверката на антитела не води кон одбрана од вирусот
Прво со астрономско високи суми за ПСР тестови, сега со проверка на антитела. Во време на пандемија лабораториите заработуваат на сметка на граѓаните кои за да дознаат колку се заштитени од коронавирусот, масовно проверуваат антитела кои се одбрана од вирусот.
Граѓаните се збунети од широката палета на вредностии и бројки кои ги добиваат, а кои с е различни во секоја лабораторија па често нив не знаат да ги толкуваат и медицински лица. Стручно, познатиот хрватски научник и директор на Институтот за биохемија на Универзитетот Гете, тоа го објаснува вака:
Може да се случи тие антитела да бидат лажно позитивни, бидејќи некогаш и вирусот на грип и други корона вируси имаат заеднички антиген, вели Џикиќ. Тоа го покажа и случајот во Италија каде медиумите објавија спектакуларно дека вирусот на САРС,К 2 го имало и пред пандемија покажувајќи тестови кај некои луѓе со позитивни антитела.

