Проверка на разузнавачките служби, без првите луѓе на комисијата

Денеска во АНБ утре во Агенцијата за разузнавање ќе прават надозр на работата дел од пратениците од македонското собрание кои поседуваат безбедноси сертификати . Шест пратеници меѓу кои Славјанка Петровска од СДСМ , Драган Ковачки, Љупчо Пренџов , Петар Ристевски од парламентарното мнозинство се дел од екипата која од собрание денска дирекно по седницата на комисијата се упатија накај АНБ . Петровска во изјава за медиумите посочи дека доаѓа со  30 тина прашања и барања но и клучно како што рече ќе бараат декласификација на материјалите бидејќи тоа е во интерес на јавноста.

Пратениците од парламентарното мнозинство пак со прашања кој и зошто бил прислушкуван, односно кој бил таргет иако не се изјаснија конкретно дали се за декласификација само катко одговорија дека се за институционална разрешница .

На сето ова денеска му претходеше и собраниската комисија за надзор на работата на АНБ каде членовите на ова тело ги изгласаа двете точки за посета на АНБ и на Агенцијата за разузнавање . Левица пак не гласаа со обвинување дека имаат пратеници кои побарале безбедносен сертификат но не им е даден .

Се уште безбедносен сертификат не добил ниту претседателот на ова тело Скендер Реџепи иако веќе една година како поднел барање но не добива одговор од АНБ .  Денешната седница пак ја водеше пратеникот на ДУИ  Блерим Беџети