Протуѓер во 24 анализа: После вакви трауми важно е да се пружи емоционална поддршка
Психологот Ида Протуѓер во 24 анализа рече дека кога некој се соочува со траума потребно е на тој човек да му се пружи емоционална поддршка.
„Кога се случува некој настан и кога ќе се излезе од него со траума се активира друг механизам познат како справување со силна опасност. Тука се праќаат сигнали до мозокот и активираат да се лачи адреналин и кортизол и тука веќе разумот не е вклучен и тогаш треба да се пружи емоционална поддршка. Важно е да се валидираат емоциите на сите луѓе. Мојата сугестија би било на овие собири на граѓани кои гледам дека се политизираат, сметам дека тоа е штетно бидејќи тие се многу важни да се престане со политизирање. Тие се вистински начин за валидирање на емоции меѓу граѓаните“, објасни Протуѓер.