ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО ПОМИНА ВО КОМИСИЈАТА НА ФРАНЦУСКИОТ ПАРЛАМЕНТ
Ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО помина во Комисијата во францускиот Парламент а очекувам наскоро тоа да се случи и на пленарната седница во француското собраие, вели шефот на македонската димпломтија, никола димитров, кој е дел од состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Алијансата.Во однос на Шпанија, Димитров вели дека во мадрид има голема политичка волја што побргу да заврши ратификација и македонија да стане 30-та земја членка на Алијансата.Ова е последна подготовка за лидерската средба на Североатланскиот пакт што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.
„Мислам дека е неблагодарно сега да прогнозираме кога ќе формираат влада иако тие имаат автентичен изворен интерес тоа да го направат побрзо. Битно е дека сме тука, учествуваме во работата веќе како да сме членка“ - изјави Димитров од Брисел.
А заменик помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај вели дека НАТО ќе ги почитува роковите и дека очекува земјава да стане полноправна членка на Алијансата на почетокот на пролетта...Според Апатурај зачленувањето Македонија не е доведено во прашање, само се чека завршување на процедурата на ратификација на протоколот за членство во сите земји членки на Алијансата.