Протестот на опозицијата во Тирана прерасна во хаос

Фрлање молотови коктели врз Владата, Парламентот и полицијата, запалени прозорци, влезната и задната врата на Владата, повредени најмалку 15 полицајци, пробиени полициски кордони, многу димни бомби фрлени во правец на полицијата, употреба на солзавец и водени топови за разбивање на демонстрантите, уништен општествен имот, повеќе од 50 лица приведени, е најкусиот биланс за синоќешниот протест на обединетата албанска опозиција во Тирана, кој е најнасилен досега.

Протестот почна во 18,30 часот, но иако дозвола имаше за два часа, организаторот соопштувајќи дека не ја признава полицијата продолжи и по полноќ, кога демонстрантите се собраа прд седиштето на Демократската партија, каде раководните структури на партиите која ја сочнуваат обединетата опозиција почнаа средба на која ќе се одлучува за понатамошната стратегија.

Собирот почна пред Владата со извикување „Рама оди си“, „Слобода-демократија“, „Рама твоето време замина“, но за кусо состојбата ексалираше со фрлање димни бомби и тврди предмети кон полицијата, а потоа и молотови коктели кон неа и Владата.

Пожарот кој пламна на влезната и задната врата и неколку прозорци брзо го изгаснаа припадниците на Националната града. Кога толпата го проби полицискиот кордон и се искачи по скалите на влезот во зградата, полицијата беше принудена да употреби солзавец, по што луѓето се повлекоа.

Илјадниците приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани, предводени од Баша, поранешниот албански претседател и премиер и екслидер на демократите, Сали Бериша, како и лидерката на Социјалстичкото движење за интеграција, Моника Круемади, се стационираа пред Парламентот, каде се повтори сликата од пред Владата. Кога состојбата достигна кулминација полицијата употреби водени топови.

 

Од пред Парламентот демонстрантите заминаа пред Управата на полицијата во Тирана, барајќи ослободување на еден од организаторите,Саит Долапи, организациски секретар на Демократската партија, за „поттикување насилство“, а за кого постои и снимка како фрла, најверојатно, молотов коктел, кон полицијата. На зградата беа скршени повеќе прозорци, по што беа употребени водени топови.

Ова беше четврти по ред масовен протест на опозицијата годинава, но според насилството ги надмина сите досегашни. вт/гт/

 

2019-05-12 08:17:25, од Вера Тодоровска, Тирана