Протестите во Србија излегуваат од контрола, состојбата ноќе наликува на граѓанска војна

Нови судири, десетици повредени и уапсени. Втора ноќ нереди и инциденти на протестите во Србија. Илјадници лица повторно излегоа на улица, во сите поголеми градови во земјата.

Демонстрациите за брзо време прераснаа во отворен судир со полицијата и безбедносните сили. Антивладините демонстранти ги демолираа просториите на владејачката Српска напредна странка во Нови Сад и се судрија со полицијата и поддржувачи на СНС во Белград.

Повеќе од 70 полицајци завршиле во болница а привидени се преку 100 лица, потврдуваат од српското министерство за внатрешни работи. Уапсени се и тројца странски државјани, кои според полцијата, вечерта, пред да почнат протестите влегле во земјата.

Ивица Дачиќ – министер за внатрешни работи на Србија

„Нападот врз полицијата беше брутален и масовен, и без никаков изговор или причина. Демонстрантите насилно се обидоа да ги пробијат кордоните. Фрлаа камења, шишиња и пиротехнички средства кон полицијата. 75 полицајци беа повредени, неколку полициски возила беа оштетени, а повеќе од 70 парчиња полициска опрема беше уништена. Па, каква бруталност е ова,  121 полицаец беа повредени за три дена, девет од нив сериозно.“ 

Пратеник од опозицијата нападнат во Белград. Од партијата за слобода и правда обвинуваат дека членови и симпатизери на СНС, со шипки и стапови брутлно го претепале нивниот сопартиец.

Пеџа Марковиќ

„Се нафрлија врз мене, а кога им кажав дека сум пратеник рекоа дека не се заинтересирании и почнаа брутално да ме удираат по главата и нозете со шипки. Почнаа да ме малтретират и навредуваат . кога сфатив дека не знаат што прават и деа може да настрадам, се Засолнив и избегав бидејќи видов дека имам работа со луѓе кои очигледно полуделе.“

Александар Вучиќ пак најави поефикасна борба со насилниците и големи реформи во полицијата и обвинителството.

Александар Вучиќ – претседател на Србија

„Државата се уште има многу работа, ќе има уште многу апсења. Сакам да им се извинам на сите оние луѓе кои ми велат дека е време за вонредна состојба, дека е време да се укинат ТВ Н1 и Нова С, дека е време да се изнесе војската на улица. Сакам да знаат дека ќе го одмерам секој потег со моите сојузници, но дека нема да ја доведам Србија во позиција каде што државата би била дупка на нечиј тепих. Владеењето на правото ќе мора да функционира.“

Во обид да ја смири тензијата во Србија, се јави и патријархот Порфириј кој повика да запрат судирите и постапките што предизвикуваат болка и поделби во општеството.