Протести за екоцидот со Вардариште

Попладнево нов протест против загадувањето од депонијата Вардариште. Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ алармира дека континуираното палење на депонијата Вардариште претставува сериозна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина. Истакнуваат дека секојдневното загадување со штетни гасови, чад и канцерогени честички ја загрозува почвата, водата и воздухот во Скопје и пошироко.