Протести во Виена поради рестриктивните мерки

Илјадници луѓе денеска протестираа во Виена против ограничувањата наметнати во различни сектори од јавниот живот, чија цел е да се спречи ширењето на Ковид-19.

Австриската Влада минатиот месец соочена со секојдневно зголемување на бројот на новозаразени, првата во Западна Европа  повторно го воведе карантинот и најави задолжителни вакцини од февруари.

Демонстрантите носеа транспаренти „Јас сам ќе одлучам“, „Повторно да ја направиме Австрија голема“ и „Нови избори“, што е одраз на политичките превирања со кои се соочија дури тројца премиери во изминатите два месеца.

Парламентарната комисија претходно го одобри предлогот за двојно зголемување на карантинот на 20 дена.

Австрија, со 8,9 милиони жители, има пријавено речиси 1,2 милиони случаи на Ковид-19 и над 12.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата. Бројот на новозаболени постепено се намалува откако беше воведен карантинот.