Протести во Нови Сад, има приведени
Се уште треа борбата за животот на трите лица кои на 1 ноември беа тешко повредени на железничката станица во Нови Сад, кога се урна бетонската настрешница. Според последните информации состојбата на повредениот 18 годишен млад човек и двте девојки се уште е многу тешка.
Универзитетската болница во Војводина.
„Сите пациенти се во многу тешка здравствена состојба. Секој ден, неколку пати во текот на денот, се среќава мултидисциплинарен консултативен тим од лекари за да донесе одлука за понатамошно лекување.“
Граѓани и активисти повторно протестираа во Нови Сад во знак на „граѓанска непослушност“ поради смртта на 14 луѓе во уривањето на надстрешницата на железничката станица пред една недела. Тие ја повикаа Владата на одговорност и побараа отстранување на ознаката за тајност од договорот за реконструкција на Железничката станица. Учесниците на протестот, Варадинскиот мост го обоија со црвена боја и оставија траги од „крвави дланки“.
Претседателот на Србија пак Александар Вучиќ за време на седницата на Српаската напредна странка изјави дека протестите се поттикнати од оние кои само сакаат да дојдат на власт, според Вучиќ нив не ги интересираат ниту оставки нути пак трагедијата која се случи.
Александар Вучиќ-претседтал на Србија
„Тие големи трагедии оставија трага во срцето и душата на секој граѓанин кој има вистинска емпатија. А тоа е најголемиот број луѓе кај нас. Никогаш не знаеш како да излезеш од тоа, а знаеш дека треба да живееш и да ја штитиш државата и да ја туркаш земјата напред.“ Зошто, иако ќе биде тешко да се одреди кој е одговорен и како, тоа е решението и тоа тоа треба да го направат обвинителството и судот, Весиќ поднесе оставка и тоа не смее да биде крај.“ Тие што ги потикнуваат протестите, не ги интересираат ни оставки, ни нешто друго. Единственото нешто што ги интересира е да дојдат до власта“.
Во несреќата во Нови Сад по падот на надсштерсницата на железничката станица животот го загубија 14 луѓе меѓу кои и Македонскиот научник Васко Саздовски. По несреќата единствен кој поднесе оставка е министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ. За во понеделник повторно е закажан протест во организација на српската опозиција пред зградата на Владата во Белград, активистите бараат оставки од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ како и процесирање на сите одговорни.