Протести во Македонска пошта поради доцнење на платите
Доцнењето на платата но и лошите услови за работа ги принудија да вработените во Македонска пошта да излезат на протест ... Протестот не е ограничен само на Скопје...Незадоволството кулминираше и во други градови, каде вработените, со истото барање, излегоа пред објектите на македонска пошта ..За 1700 лица, декемвриската плата се уште не е стигната а на 300 поштари со години не им е решен работниот статус.
Сашо Димитриевски – претседател на синдикална организација на Македонска пошта:„Вработените се крајно револтирани затоа што и покрај тоа што во оваа компанија 60 посто од вработените работат со минималец, и тој минималец не можеме да го земеме. Овој протест ќе трае се додека не се исполнат условите за добивање на плата, што не значи дека и во понатамошните месеци што следуваат, синдикалните организации во македонска пошта ќе преземат активности уште во наредната недела , до управниот одбор ќе доставиме ново барање дека и наредниот месец ако се случи истото ова , веќе на 15 - ти или 16 - ти ќе застанеме со работа.“
Лоши хигиенски услови, прокиснати тавани, азбесни табли кои висат над нивните глави. Вработените во пошта, покрај плата, бараат и достоинствени услови за работа.
Додека се подготвуваат протести за зголемување на минималната плата, некои не можат да го добијат и тоа што го имаат заработено, велат од сојузот на синдикати на македонија..Повеќе од 2000 семејства , новогодишните и божичните празници ги дочекале без плата..Од ССМ обвинија дека луѓе блиски до раководството на Пошта им се заканувале на вработените да не излегуваат на протест...
Слободан Трендафилов – претседател на ССМ: „Ги пречекаа сите празници без приходи и веројатно ќе го завршат овој месец без приходи. Луѓето се одлучени, во сите пошти во државата протестираат , нема да отстапат од нивните барања. Ако некој смета дека не е способен да ја води пошта нека си замине и нека дојде некој поспособен меѓутоа во никој случај не смее да ги остави луѓето без плата. Ние додека се подготвуваме да протестираме за зголемување на плата, овие луѓе протестираат за исплата на и така ниската нивна плата.“
Од Македонски пошта тврдат дека декемвриската плата денеска ќе стигне на сметките на вработените..Обвинуваат дека штрајкот е политички мотивиран а вработените – изманипулирани..
Орхан Куртиши – директор на А.Д. Пошта на Северна Македонија: „Платите за месец декември се обезбедени. Преку репрезентативните синдикати, вработените во А.Д. Пошта на Северна Македонија се информирани за актуелната состојба. Вистина е дека оваа состојба се повторува неколку пати во текот на годината,и лично изразувам солидарност и искрено жалење кон вработените, а воедно континуирано работам на унапредување на условите. Од наредниот месец реформите ќе започнат да даваат резултати, а во блиска иднина трендот на позитивни резултати ќе биде само во пораст. Платите за месец декември ќе бидат исплатени денес, и како што истакнав претходно, сите вработени беа информирани.
Куртиши вели дека е свесен за состојбата во која се наоѓа компанијата и дека се работи на подобрување на условите...Ги повика и синдикатите да се вклучат во решавањето на проблемите, без да бидат провоцирани и манипулирани ..

