Протести во Гостивар - се бараат одговори и одговорност, директорката на гостиварски Комуналец приведена
Вода од донации и пунктови, готови но се уште не објавени резултати од примероци земени од водата во Гостивар, уапсени тројца вработени меѓу кои и директорката на ЈП Комуналец Арта Асани, од Гостивар и револтирани граѓани на протест.
Ова е билансот од четиридневната голгота низ која минуваат гостиварци од загадената вода поради која беше прогласена и епидемија.
Според неофицијалните информации апсењата следуваат откако стигнал извештајот од извршената проверка на примероците од водата во кои било утвредно присуство на фекални бактерии и хлор. Пред да се случи апсењето на директорката на Комуналец Асани, градоначалникот на Гостивар на вонредна седница на советот во оптшината, ја суспендираше од работа.
Од министерството за внатрешни работи информираа дека прибираат докази во предистражна постапка и засега не откриваат повеќе детали.
Во меѓувреме гостиварци револтирано бараат одговори. Да се утврди одговорност и конечно да се реши проблемот со загадената вода – ова го побараа граѓаните на протестот во Гостивар, откако веќе неколку дена се соочуваат со неисправна вода за пиење.
Велат дека ова не е прв пат да имаат проблеми со водата.
Во однос на барањето одговорности за хаосот во Гостивар, премиерот Хридтијан Мицкоски и графоначалникот на Гостивар со спротивставени мислења. Мицкоски вели дека локалната власт треба да поднесе морална одговорност а градоначалникот Лимани пак вели дека не чувствува морална одговорност.
Освен за пиење туку и за одржување на лична хигиена граѓаните на гостивар треба да користат флаширана вода. На седум пунктови низ градот граѓаните можат да земат пакети со вода, која се разема за само неколку мимути.
Граѓаните велат дека се снаоѓаат колку можат и од пунктовите но и самимобезбедуваат вода. Освен со недостиг на вода, гостиварчани велат дека нема пробиотици низ аптеките па процесот на лечење им е потежок.

