Протести во Франција против пензиските реформи, запалена општинската зграда во Бордо

Продолжуваат приотестите во Франција. На деветиот ден од демонстрациите против пензиските реформи на Емануел Макрон, околу 1 милион французи излегоа на улица во знак на протест против одлуката на францускиот претседател со која се предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Протестите кои почнаа мирно прераснаа во директен судир со полицијата особено во Париз каде беа запалени голем број на автомобили и објекти. Демонстрантите ја нападнаа полицијата со шишиња, камења и молотови коктели. Жандармеријата пак одговори си солзавец и водени тиопови а во нередите беа уапсени речиси 500 лица. Ништо помирно не беше ниту во другите градови ширум Франција. Во Бордо беше запалено градското собрание.

„Преку 400 полицајци беа нападнати со молотови коктели и камења. Голем дел од нив завршија во болница. Мораме да им испратиме порака на оние кои сакаат да ја нападнат републиката. Полицијата сега доби овластување да употреби сила.“ - изјави Жералд Дарманен министер за внатрешни работи на Франција.

Французите пак велат дека кога власта не го слуша нивното мислење, единствено што им останува е да излезат на улица и да се борат за своите права. Ќе продолжат со протестите се додека владата не го повлечен законот за реформа на пензискиот систем.

„Немаме избор. Макрон стои позади законот кој на сила го донесе. Тоа е негирање на демократијата. Немаме друг избор освен да штрајкуваме и да ја блокираме државата се додека не го повлече законот.“ - изјави Фабрис Крикет генерален секретар на синдикатот АДП.

„Мораме да и покажеме на владата дека не се согласуваме со нивниот закон и да ги натераме да не слуишнат. “

Французите дополнително ги разгневи и интервјуто на Емануел Макрон, кој додека зборувал за лицата кои земаат социјална помош, носел часовник, наводно вреден неколку десетици илјади евра и кој во еден момент се обиде да го сокрие.

За премиерката Елизабет Борн пак неприфатливо е насилството кое во изминативе неколку дена го има на улиците на француските градови.

„Демонстрациите и искажувањето на несогласување е загарантирано право. Насилството и деградацијата на кои бевме сведоци се неприфатливи. Голема благодарност до полицијата и спасувачките екипи.“ - изјави Елизабет Борн премиер на Франција.

Протестите во Франција почнаа откако владата ја искористи можноста за да го усвои законот за пензиска реформа без гласање во Парламентот. Одлуката веднаш наиде на осуда од опозицијата која не успеа да изгласа недоверба на владата. Најголемите синдикати во земјата пак секојдневно повикуваат на протести се деодека владата не го повлече законот.