Протести ширум САД поради одлуката на Врховниот суд за абортусот

Во голем број американски градови вчера и денеска се одржува протести поради вчерашната одлука на Врховниот суд за поништување на федералното право на абортус, што беше воведено со пресуда стара 50 години.

Тоа значи дека милиони жени во САД ќе го изгубат правото на легален абортус.

Судот ја поништи значајната одлука во случајот Роу против Вејд, со што технички беше укинато федералното уставно право на абортус во САД.

Судиите на Врховниот суд кои ја донесоа одлуката наведоа дека пресудата во случајот Роу против Вејд од 1973 година, според која абортусите станаа легални низ САД до моментот кога фетусот може да преживее надвор од матката (помеѓу 24. и 28 недела од бременоста), е погрешна бидејќи Уставот на САД не го споменува правото на абортус.

Речиси половина од американските сојузни државите веќе донесоа или ќе донесат закони за забрана на абортусот, додека други донесоа поригорозни мерки со кои се регулира процедурата и се очекуваат дополнителни ограничувања. 

Познати американски спортисти ја осудија одлуката на Врховниот суд. Меѓу првите реагираше и тенисерката Били Џин Кинг, кој пред неколку години во својата биографија откри дека имала абортус и ги опиша проблемите со кои се соочила пред пресудата во случајот Роу против Вејд.

Реагираа и членките на американската женска кошаркарска лига (ВНБА), но и кошаркарите од НБА, меѓу кои и ЛеБрон Џејмс.векови права при ОН, Мишел Башелет.