Протести против загадувањето од Вардариште и Дрисла, се бара итна интервенција

Жители на скопската општина Аеродром и денеска доцна попладне излегоа на протест, изразувајќи го својот револт поради загадувањето на воздухот што доаѓа од дивата депонија Вардариште и Дрисла каде што пред десет дена избувна голем пожар.

Иако пожарот е изгаснат, во оваа општина со денови се чувствува непријатна миризба на чад од изгорени материјали, од кои некои се и токсични, што предизвика силно незадоволство кај граѓаните од овој дел на главниот град.