Протести на жителите на Петровец
Foto

Протести на жителите на Петровец

Со блокирани улици жителите на Петровец излегоа на протест да го изразат своето незадоволство но и барања за растеретување на сообраќајниот метеж кој се случува во оваа општина поради како што велат избегнувањето на најголем број од возилата да ја платат патарината. Градоначалникот на општината Борче Митевски но и дел од жителите кои излегоа да протестираат на регионалниот пат велат дека до сега се обратиле и до надлежните инстицуции но тврдат засега остануваат глуви на нивните барања. Жителите исто така собрале и над 500 потписи со цел да го изразат своето незадоволство од ваквиот сообраќаен режим.

Жителите на Петровец велат дека последниот период енормно е зголемен бројот на возила кои поминуваат по регионалниот пат на ова населено место а зголемени се и случаите на несреќи со смртни последици. Дополнително се доведува до прашање и безбедноста на учениците, но и децата кои одат во општинското училиште и градинката кои се наоѓаат токму на овој пат.

0 Коментари

Остави коментари