Протести и жив штит во Белград

Предупредувачки протест во Белград против уривањето на зградата на поранешниот генералштаб.

Најновата блокада во српската престолнина следува откако владеачката партија донесе специјален закон со кој објектот оштетен во НАТО-бомбардирањата во 1999 година, и кој со години стои како едно од најпрепознатливите архитектонски и историски обележја на градот, се тргнува од листата на културни наследства.

Со одлуката, се отвора можност на локацијата да се изгради хотелот „Трамп“, чиј инвеститор треба да биде зетот на американскиот претседател, Џеред Кушнер.З а студентите, Генералштабот не е само објект, туку симбол на колективната меморија и на идентитетот на Белград 

 

„Уривањето на генералшабот значи уривање на правото на народот да се сеќава, бришење на историјата и понижување на секој жител на Србија. Предупредуваме, нема мирно да го следиме уривањето на генералшабот и газењето на уставот и законите.“

На страна на студентите застанаа експертите и универзитетските професори..Тврдат дека реновирањето на генераштабот е можно и дека не е скапа инвестиција за државата..

 Ана Перик Ивановиќ - архитект

„Ова не е само одбрана на некои камења. Ова е историско наследство и сеќавања на трагичното бомбардирање. Тука се брани последниот збор на професијата.“

Протести и блокади има во други делови од Белград. Шаторите се уште се распослани пред законодавниот дом. Од една страна студентите кои застанаа за Александар Вучиќ и кои бараат наставата на факултетите да продолжи..Од друга, Дијана Хрка, мајка на една од жртвите кои настарадаа во трагедијата во Нови Сад и која веќе 10 дена штрајкува со глад.