Протест за „Монструм“
Foto

Протест за „Монструм“

Скандирајќи УЧК и веејќи албанско знаме, семејствата и поддржувачи на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро излегоа на протест.

Од Чаир се упатија кон владата каде ги пречека силно полициско обезбедување.  Не се задоволни од пресудите и правосудниот систем. Организаторот на протестот, Бедри Ајдари се обиде да даде изјава на македонски јазик, но под притисок на присутните ја прекина изјавата за медиумите. 

Протестот мина мирно, за разлика од минатиот пат кога во насилните протести десет лица беа обвинети за учество во толпа, додека на казна затвор од осум месеци до една година беа осудени четири лица. За останатите сеуште трае судската постапка.

Во слуајот Монструм на доживотен затвор беа осудени тројца од обвинетите, а за двајца судот одреди затворски казни од 9 и 15 години.

Петкратното убиство кај Смилковското езеро се случи на 12 април 2012 година, кога животот го загубија момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

0 Коментари

Остави коментари