Протест во железара за побезбедни улици, откако беше прегазена жена
Foto

Протест во железара за побезбедни улици, откако беше прегазена жена

Жителите на скопска Железара попладнево со блокада на улицата „Коце Металец“, продолжуваат со протестите против дивеењето со автомобилите.

Тие бараат од надлежните да преземат мерки за ограничување на брзината на движење на оваа улица и поголема полициска контрола. За утре тие имаат закажано средба со градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски, во општината, каде ќе ги изнесат своите барања. 

Директниот повод за протестот е минатонеделната сообраќајна несреќа, каде автомобил со голема брзина удри во 45 годишна жена, која им подлегна на повредите. Организаторите на блокадите велат дека нема да дозволат ова да остане уште еден заборавен несреќен случај. Додаваат дека последната жртва била капак за целото население да започне со протестите. 

Учесниците на протестот апелираат и до жителите на останатите населби кои се соочуваат со ист или сличен проблем да го кренат гласот и да не дозволат дивеење по улиците. Организаторите на протестот најавуваат дека ќе продолжат со блокада на улицата и во наредните денови во периодот од 16:30 до 18:00 часот.

0 Коментари

Остави коментари