Протест во Кочани поради загаденоста на воздухот
Foto

Протест во Кочани поради загаденоста на воздухот

Живеат на подножје од планина, ретко дишат чист воздух. Жителите на кочанско Бели денес на протест поради честите пожари на депонијата. Го блокираа патот кон Пониква затоа што ги гуши и чадот и смрдеата. Денес до врвот стигнуваа само туристите, за камионите на комуналното претпријатие имаше блокада.

Истовремено за чист воздух се протестираше и во Кочани. Граѓанските здруженија бараат итно решевање на проблемот со трите најголеми загадувачи: Фабриката за хартија „Пекпер мил“, депонијата, и палењето на стрништата. 

За своите барања добиле поддршка и од странски невладини организации кои им испратиле инструменти за мерење на степенот на загаденост.

Градоначалникот на Кочани кој дојде на протест им образложи дека се преземени неколку мерки Кочани да го тргне епитетот на најзагаден град на истокот од државата. 

Веќе почнале со едукација на населението да не се палат стрништа, а ќе спроведуваат и пилот проект за собирање на сламата и нејзино преработување во ѓубриво по швајцарски рецепт, а почната е и постапка за решавање на честите спонтани пожари на депонијата. 

Од Министерството за животна средина пред неколку денови информираа дека еден од најголемите загадувачи, фабриката за хартија има рок до почетокот на декември да постави филтри.

0 Коментари

Остави коментари