Протест со автомобили на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Штип
Foto

Протест со автомобили на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и во Штип

ВМРО-ДПМНЕ за денеска најавува нов протест со автомобили против, како што велат, мафијата и за слобода и правда.

– На 23. Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, ВМРО-ДПМНЕ организира протест со автомобили против мафијата за правдата и слободите. 127 години ВМРО, 30 години ВМРО-ДПМНЕ. 127 години од светлиот датум за Македонија, за македонскиот непокор и пркост покажан низ вековите, денот кога започнува организираниот бунт против тиранијата, мигот кога почнува борбата за слобода, правда и своја држава. Денес ја имаме државата, но ја немаме слободата која ја сакаме, ја немаме правдата која ни е потребна, се бориме за националното чувство кое ни го негираат, се вели во прогласот за протестот.

Протестот ќе започне во 12 часот од СЦ Борис Трајковски и СЦ Јане Сандански и ќе финишира пред Собранието каде ќе се обрати лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По говорот протестот со автомобили ќе продолжи од Скопје до Штип преку автопатот Гоце Делчев, а во Штип ќе заврши пред Учителската школа каде своевремено учителствувале Гоце Делчев и Дамјан Груев.

0 Коментари

Остави коментари