Протест против францускиот предлог и вечерва пред Владата

Со извици и песни со патриотска содржина денеска продолжи народниот протест против францускиот предлог, неформален документ кој дава насоки како да се реши проблемот помеѓу Македонија и Бугарија со цел отпочнување преговори со Европската Унија.

Незадоволните граѓани уште еднаш кажаа дека Македонија не е на продажба. Како и вчера така и денеска на протестот продефилираа повеќе говорници кои го изразија своето незадоволство од тоа како Владата се справува со ова прашање. 

Новинарот Дарко Јаневски меѓу другото рече дека власта лаже дека не преговара за јазикот и идентитетот. Затоа, рече тој „да не им дозволиме да не обезименат“.

Поетот Ефтим Клетников во своето обраќање пред присутните рече дека Франција има исклучителни интелектуалци но тоа не е францускиот претседател Емануекл Макрон кој, како што рече Клетников, европските ѕвезди ги претворил во кукасти крстови. 

Иако протестот нема официјален организатор сепак поголемиот дел од граѓаните најавија дека ќе останат пред Владата цела ноќ, а за утре протестот повторно е закажан за во 19 часот.