Протест пред штипскиот затвор
Слобода и нов судски процес за осудените од 27-ми април и годинава побараа симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од пред штипскиот затвор. На протестот допатуваа подржувачи од повеќе градови во државата.
Обраќањата беа обоени со патриотска реторика, а говорниците побараа ослободување на судството од како што велат политичките стеги, испратија порака и до актуелната Влада, а најавија многу скоро ревизија на судските случаи, на како што велат политичките затвореници во државата.