Протест пред ОЈО: Да сопрат градежните активности на паркингот кај Холидеј ин
Foto

Протест пред ОЈО: Да сопрат градежните активности на паркингот кај Холидеј ин

Запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност, Јавното обвинителство да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата, Владата да одвои средства од централниот буџет доколку општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.

Ова се само дел од барањата на денешниот протест пред обвинителството на иницијатива на „Зелен хуман град“ и „Шанса за Центар“, на кои поддршка им дадоа и од Левица и од ДОМ, под главниот транспарент„ „Чист воздух од бетон не бива“. 

На барањата за времено стопирање на градежните зафати на паркингот наспроти Холидеј Ин, од ОЈО за ТВ24 велат дека тоа не е го дозволува Кривичниот законик.

„Обвинителството нема законска основа да бара стопирање на градбата со оглед дека таквата мерка не постои во законот. Барањето за времена мерка за забрана да се преземаат дејствија да бидат извршени промени и градење на парцелата се поднесуваат во граѓанска постапка.“- велат од ОЈО за ТВ24.

Со писмена реакција по однос на протестот реагираа и дел од жителите на Ново маало каде што треба да се гради, обвинуваат за политички мотиви.  

„Ние моментално во сред Центар немаме канализација и основни услови за живот. Да беа вистински активисти, ќе застанеа зад правдата, а не да вршат неоснован притисок заради своите политички интереси да се прикажуваат како некакви спасители.“ - се наведува во реакцијата на дел од жителите на Ново Маало.

Инаку, според стручната фела ДУП-от за Градска Четврт Ц08 - Ново Маало 2 не е во согласност со ГУП-от. Во моментот, со одлука на Уставен суд да се укине мораториумот на сила е ДУП-от од 2012 година, според кој покрај трите згради од 16,20 и 22 ката на Антиќ и МПЦ, може да се градат уште плус две шеесеткатници.

0 Коментари

Остави коментари