Протест на вработените во култура
Уметноста на протест – Министерството за култура со чистка на остатоците од Шарената револуција. Се вклучи и надзорната камера да регистрира присуство и отсуство.
Уметниците транспарентно возвратија дали е ова порака од власта уметниците веднаш да поевтинат? И не беше доволен Моцарт, Бетовен и Вивалди се слушна и крикот на најзасегнатите кои побараа оставка од министерот Зоран Љутков.
Гласна критика и од поранешното раководство на синдикатот. Сања Арсовска децидна, нов колективен договор единствено со подобри услови поинаку никако.
Уметниците гневно возвратија - 30 години од прв до последен министер системски ја уништија културата, така е и денес со некогашниот член на Синдикатот а денес Министер за култура Зоран Љутков.
Министерот Зоран Љутков со порака од струмичко Мокрино дека жали што синдикатот протетсира и го оцени како политичко мотивирано синдикално движење. Синдикатот порача дека веќе нема простор за чекање, оправдувања и молк, туку дека бара правда, почит и достоинство за културните работници.

