Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Се бара оставка од премиерот Зоран Заев
Викендов во Софија се преговара за распарчување на Македонија и се преговара за иднината на македонскиот идентитет, рече меѓу другото, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протест на партијата пред Владата.
Коалицискиот партнер на Мицкоски, Живко Јанкуловски од ПОДЕМ упати барање до пратенците од ВМРО-ДПМНЕ да ја блокираат работата на Собранието.
Мицкоски од протестот упати неколку пораки меѓу кои и до бугарските политичари дека ниту Зоран Заев ниту како што ја нарече тој, квилнслиншката влада нема да ги избрише од колективна меморија ликот и делото на Даме Груев, на Гоце Делчев, на Питу Гули, Хаџи Арсов, Хаџи Николов, Поп Арсов.
Мицкоски упати посебна порака и до Европската Унија „да му дозволи на народот да отпочне преговори, а народот, рече тој, ќе и' врати со сето срце и знаење кое го има.
Од СДСМ реагираа дека најавите за блокада на државата не се ништо ново и тоа е единствената желба, на како што велат од владеачката партија, на губитникот Мицкоски да го закочи напредокот на државата и нејзиното членство во Европската Унија.