Протест на угостителите пред владата
Foto

Протест на угостителите пред владата

Ги приближија ставовите, ама не постигнаа конечен договор членовите на Здружението за организарање на свадби и прослави и заменик премиерот за економски прашања Фатмир Битиќи после едночасовната средба поттикната од пртоестот на угостителите.

Затоа следните два дена и двете страни ќе седнат на маса со Пазарниот инспекторат за да ги ревидираат протоколите за работа на рестораните за свадби и прослави. Вицепремиерот Битиќи уште предложи да биде изготвен закон со кој сите што нудат услуги на ваквите прослави да бидат законски регулирани а не да работат на диво.

Тоа е единствениот начин, рече Битиќи, на кој што државата може да одговори на потребите на тие што се засегнати. 

Главно барање на угостителите на денешната средба е да почнат да работат исто како и другите ресторани но и да и да биде избришан делот од Уредбата на Владата од јуни 2020 година за забрана за организирање на прослави. Побараа и помош од државата по теркот на другите европски земји. 

Ова беше трет протест откако организаторите на свадби и прослави изминатите два дена протестираа низ различни делови на Скопје.

 

 

0 Коментари

Остави коментари