Протест на Суткоз

Вработените од „Флораком“ која е фирма ќерка на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ денеска одржаа протест пред влезот на јавното претпријатие и блокираа раскрсница на булеварот „Илинденска“ поради неисплатена плата за месец јуни и останати надоместоци.

Тие изјавија дека доколку до 22 јули не им биде исплатена платата за месец јуни повторно ќе ја блокираат раскрсницата.

Претседателот на Синдикатот на работниците од СУТКОЗ рече дека вработените во „Флораком“ веќе подолг период се соочуваат со нередовна исплата на плати, не им е исплатено здравствено и пензиско осигурување. 

Покрај овие проблеми, посочи тој, вработените во „Флораком“, „Паркови и зеленило“ и „Луна“, фирма ќерка на „Паркови и зеленило“ ги немаат земено останатите надоместоци кои следуваат согласно Колективниот договор,