Протест на судската полиција
Судската полиција бара поголема плата а министерот за правда ветува дека ќе има ама ако министерот за финансии даде повеќе пари. На денешниот простест на Независниот синдикат на судската полиција членовите упатија апел дека нема да дозволат да бидат оставени на маргините на системот.
Бараат измени во Законот за судски службеници и зголемување на платата за 15 отсто но и исплата на додатоците за ризик при работа и за доверливост за чување на лични податоци.
Иако од Судската полиција се чудат но сепак веруваат дека министерот за правда Никола Тупанчески не знаел како е можно судските полицајци да бидат изземени од другите две катергории судски службеници од законот кој ги регулира нивните права и обврски.
И додека траеше протестот, а непосредно пред почетокот на прес-конференцијата, од судската полиција добија повик од министерот за итна средба.
„На средбата беше договорено најдоцна до крајот на неделата да се воспостави комуникација со Министерството за финансии околу обезбедувањето на финансиски средства. Министерството ќе стори се' што е во негова надлежност за подобрување на материјалната состојба на вработените во судската полиција.“ - изјави Министерство за правда.
Од потребните 250 првично планирани судски полицајци во време кога не беа формирани Управниот и Вишиот управен суд како и Апелацискиот суд Гостивар во моментов судовите ги обезбедуваат скоро 180 полицајци. Доколку до петок не биде најдено решение од Независниот синдикат на судската полиција најавија радикализирање на протестот. Ќе постават шатори спроти министерството за правда се' до исполнување на нивните барања.